Постои загриженост од компанијата Qualcomm дека нема да може да ја намали високата потрошувачка на енергија на Snapdragon 8 Gen 4 чипсетот, и покрај 3 нанометарскиот процес на производство на TSMC – „N3E“
Иако аналитичарите очекуваат дека Snapdragon 8 Gen 4 ќе влезе во масовно производство на 3 nm технолошкиот процес „N3E“ на TSMC, стравот од неговата висока потрошувачка на енергија е оправдан. Ова ги наведува производителите на паметни телефони да размислуваат за вградување на батерии со поголем капацитет во нивните смартфони, кои ќе го користат споменатиот SoC, со што ќе се обезбеди продолжено траење на батеријата.
Според информациите објавени на кинеската платформа за социјални медиуми Weibo од инсајдерот DigitalChatStation, водечките телефони со Snapdragon 8 Gen 4 веќе се тестираат со батерии од 5.500 mAh. Кинеските брендови често користат батерии со поголем капацитет, па не е изненадување што се споменува дека компаниите како Oppo, Xiaomi и Vivo би можеле да ги користат овие големи батерии. Исто така, OnePlus 12 со погон на Snapdragon 8 Gen 3, исто така, има батерија од 5.500 mAh, така што упатените претпоставуваат дека еден од тестираните уреди е OnePlus 13.
Причината за потенцијално поголемата потрошувачка на енергија на Snapdragon 8 Gen 4 чипсетот би можела да биде желбата на Qualcomm да понуди супериорни перформанси и кај еднојадрените и кај повеќе-јадрените резултати. Тестовите наводно покажале основни брзини од 4,00 GHz до 4,3 GHz во одредени случаи, но сè уште не е потврдено дали овие брзини се одржливи. Покрај инсталирањето на батерии со поголем капацитет, партнерите на Qualcomm веројатно ќе мора да инсталираат и поголеми системи за ладење, со цел да имаат поефикасно термичко управување и да ја регулираат топлината што се создава за време на работата на Snapdragon 8 Gen 4.
Поголемата потрошувачка на енергија може да биде резултат на недостаток на ефикасни јадра, а според гласините, Snapdragon 8 Gen 4 пристигнува со конфигурација од 2+6 јадра за перформанси. Ова е пристапот кој Qualcomm практично го презеде од тајванската компанија MediaTek, која со својот чип Dimensity 9300 е позната по поголема потрошувачка на енергија во однос на конкуренцијата, бидејќи има само P јадра.
Сите информации во врска со Snapdragon 8 Gen 4 чипсетот треба да се земат со резерва бидејќи сè уште не се официјално потврдени. Сепак, она што е сигурно е дека според изјавите на директорот на компанијата Qualcomm, лансирањето на чипсетот може да го очекуваме во октомври, па тогаш ќе имаме повеќе информации за перформансите и потрошувачката на енергија.