Без голем настан за презентација, Huawei денеска во Кина ја лансираше новата серија телефони наречена Pura 70 составена од четири модели, која всушност ја заменува досегашната P серија
Кинескиот технолошки гигант Huawei денеска без голем настан, тивко ја лансираше својата нова премиум серија смартфони под името Pura 70 (ново име за поранешната P линија), а во ново руво донесува четири модели на паметни телефони. Серијата се состои од: Huawei Pura 70, Pura 70 Pro, Pura 70 Pro+ и Huawei Pura 70 Ultra, каде што двата водечки смартфони работат на новиот чипсет на компанијата, односно Kirin 9010.
Кога станува збор за дизајнот и боите, сите четири модели ги краси новата филозофија на Huawei за флегшип уреди „Vane Design“, естетика која се разликува од претходната генерација на телефони од P-серијата.
Новите уреди на задната страна имаат испакнатина во форма на триаголник за системот на камерите, а неговата боја се совпаѓа со боите на самиот телефон, вклучувајќи ја и рамката. Стандардната верзија има рамен дизајн, додека останатите модели доаѓаат со благо закривени рабови од задниот кон предниот дел.
Телефоните се достапни во неколку бои, меѓу кои се црна, зелена, бела, розова и виолетова, додека моделите Pro+ и Ultra имаат и специјални кожни варијанти кои доаѓаат со златни завршетоци. Стандардниот модел тежи 207 грама, додека Pro тежи 220 грама, а најдобриот Ultra модел тежи 226 грама.
Спецификации на новата Huawei серија телефони
Додека основниот Huawei Pura 70 има рамен LTPO OLED екран со дијагонала од 6,6 инчи, останатите модели имаат заоблени OLED екрани со дијагонала од 6,8 инчи. Корисниците на овие телефони ќе имаат можност да достигнат адаптивна стапка на освежување на екранот од 1-120 Hz, како и високофреквентно затемнување PWM од 1440 Hz и стапка на семплирање на допир од 300 Hz. Резолуцијата на екраните изнесува 2.760×1.256 пиксели за основните и 2.844×1.260 пиксели за Pro и Ultra моделите, а екранот на секој уред е заштитен со заштитно стакло Kunlun од втората генерација.
Батеријата на основниот модел има капацитет од 4.900 mAh и поддржува жично полнење од 66 W како и обратно безжично полнење, Pro моделите имаат капацитет на батерија од 5.050 mAh со жично полнење од 100 W, безжично полнење од 80 W, како и поддршка за обратно безжично полнење, додека најдобриот Ultra телефон има најголем капацитет на батерија со 5.200 mAh со исти карактеристики на полнење како двата Pro модели.
Кога станува збор за камерите, Huawei користи нови технологии и можности за обработка на слики со Xmage системот. Huawei Pura 70 има систем со тројна камера која вклучува главна камера со 50 MP, ултраширока камера со 13 MP и перископ телефото камера со 12 MP со 5x оптички зум и оптичка стабилизација на сликата. Главната камера, како и кај претходниот модел P60, има променлив отвор на бленда од f/.4 до f/4.0, но сега има посилен сензор со гореспоменатата резолуција од 50 MP.
Моделите Pro и Pro+ ги делат истите спецификации на камерата што се состојат од иста главна камера од 50 MP, секундарна ултра широка камера од 12,5 MP и трета макро телефото камера која е надградена од основниот модел на 48 MP. Телефонот Duo Pro доаѓа со Super Focus Macro функција која може да се фокусира на објекти оддалечени дури 5 cm од камерата.
Варијантата Ultra носи подобрени можности за фотографирање со сензор од еден инч на главната камера со 50 MP, кој има механизам што се повлекува на објективот на главната камера за да излегува кога е во употреба. Ротирачкиот телескоп објектив има сложена моторизирана структура што Huawei ја тестираше за 300.000 циклуси на проширување и контракција. Главната камера има и променлива решетка, но од f/1,6 до f/4,0 за разлика од првите три модели, како и фокусна должина од 22,5 mm.
Почетната цена за основниот модел Huawei Pura 70 во конфигурација 12/256 GB изнесува околу 710 евра во и оди до до околу 900 евра за варијантата со 1 TB простор за складирање. Pro моделот во иста конфигурација чини околу 840 евра и оди до 1.030 евра.
Huawei Pura 70 Pro+ моделот има почетна конфигурација од 16/512 GB и тоа задоволство чини 8.000 јуани во Кина, додека верзијата со двојно поголема меморија е со цена од 9.000 јуани (околу 1.165 евра). Ultra верзијата како најдобра е логично најскапа и чини помеѓу околу 1.300 евра за конфигурација со 16/512 GB и оди до околу 1.500 евра за верзијата со 16 GB/1 TB. Во моментов, овие уреди се достапни за преднарачка во Кина, додека широката продажба ќе започне подоцна во месецот, а компанијата не открива детали за меѓународното лансирање на новите уреди.