Извршниот директор на истражувачката компанија Display Supply Chain Consultants, Рос Јанг откри дека претстојниот 12,9-инчниот iPad Air ќе користи остатоци од Mini-LED панелите од актулениот iPad Pro со екран од 12,9 инчи.
Очекуваниот 12,9-инчен iPad Air, кој се очекува да биде објавен во мај, ќе биде опремен со Mini-LED дисплеј како и сегашниот 12,9-инчен iPad Pro, тврди Рос Јанг, извршен директор на истражувачката компанија Display Supply Chain Consultants. Актуелниот 10,9-инчен iPad Air го краси стандарден LCD панел, а преминот кон Mini-LED технологија за моделот од 12,9 инчи ќе обезбеди зголемена осветленост за HDR содржина, подлабокa црнa боја и многу други карактеристики.
Јанг ја откри оваа информација во објава споделена на социјалната мрежи Х. Тој спомена дека 12,9-инчниот iPad Air ќе користи остатоци од Mini-LED панелите од 12,9-инчниот iPad Pro, а како друга придобивка ја наведе и помалата потрошувачка на енергија. Со оглед на тоа што Apple нема постоечки инвентар од 10,9-инчни Mini-LED панели, веројатно е дека помалиот iPad Air ќе остане опремен со LCD панел.
Во меѓувреме, следните модели на iPad Pro се очекува да преминат на OLED екрани, што ќе го елиминира позадинското осветлување за да се овозможи повисок сооднос на контраст со вистинска црна боја и да обезбеди други подобрувања во споредба со LCD и Mini-LED технологијата. Во мај се очекува да бидат објавени и новите модели на iPad Pro.
Јанг има солидно досие во однос на погодените гласините поврзани со дисплеите на Apple, така што оваа информација за iPad Air е веројатно точна.