Моментно Microsoft прикажува такви реклами само во САД и на корисниците кои се дел од Windows Insider бета каналот.
Microsoft ја истражува можноста за прикажување реклами во Start менито во Windows 11. Засега се работи за прикажување на апликации кои можат да се најдат во Microsoft Store во делот за препораки.
Во моментов, Microsoft прикажува такви реклами само во САД и на корисниците кои се дел од Windows Insider бета каналот. Тоа значи дека барем засега нема да се појават во нашиот регион, но можно е тоа да се случи во иднина.
Уште подобра вест е дека е можно целосно да се исклучат рекламите, барем засега. Ова се прави во поставките, а потоа во делот за персонализација со исклучување на Show recommendations for tips, app promotions, and more.
Моментно се работи за експеримент наMicrosoft и останува да видиме дали ќе биде во оваа форма и во евентуалната стабилна верзија.