Заедно со стандардните закрпи на кои веќе сме навикнати, Nothing OS 2.5.5 донесува и интеграција со најпознатиот четбот ChatGPT.
Nothing OS 2.5.5 верзијата веќе пристигна на неодамна лансираниот Phone (2a) и донесе подобрувања во перформансите на камерата и одредени безбедносни закрпи. Новата верзија на софтверот сега е достапна за преземање на Phone (2a), а новитет е што донесува интеграција со ChatGPT. Nothing Phone (2) ќе биде првиот што ќе ја добие оваа функција, а подоцна овој месец ќе биде достапна и на други модели од портфолиото производи на компанијата.
По ажурирањето на софтверот, Nothing’s Phone (2) добива виџет за брз пристап до ChatGPT од почетниот екран, како и можност за брзо копирање и залепување слики од екранот и текст од таблата со исечоци во разговорот со четботот на OpenAI. За тоа да функционира како што е планирано, потребно е да се преземе апликацијата ChatGPT од Google Play Store.
ChatGPT наскоро ќе пристигне и на постариот Phone (1), но и на веќе споменатиот Phone (2a) кон крајот на овој месец. За повеќе информации за ова ажурирање и какви промени носи, погледнете ја објавата на форумот на Nothing.