Две многу популарни верзии на пакетот MS Office стануваат застарени следната година, a еве неколку предлози за тоа што да се користи како алтернатива
Ако сè уште користите Office 2016 или Office 2019, можеби е време да размислите за нивна замена. Microsoft потсети дека на 14 октомври следната година ќе престане да ги поддржува споменатите бизнис пакети. Тоа значи дека по тој период, индивидуалните корисници и компаниите кои ќе продолжат да ги користат ќе бидат изложени на безбедносни ризици. Покрај споменатите пакети, поддршката ќе заврши и за Exchange Server и Skype for Business Server.
Microsoft најави дека од тој датум ќе престане да издава безбедносни закрпи, како и да ја исклучи техничката поддршка. Како решение предлагаат префрлување на пакетот Microsoft 365.
Целосната листа на апликации што ќе ја изгубат поддршката е прилично долга:
- Access 2016
- Access 2019
- Excel 2016
- Excel 2019
- Exchange Server 2016
- Exchange Server 2019
- OneNote 2016
- OneNote 2019
- Outlook 2016
- Outlook 2019
- PowerPoint 2016
- PowerPoint 2019
- Project 2016
- Project 2019
- Publisher 2016
- Publisher 2019
- Skype for Business 2016
- Skype for Business 2019
- Skype for Business Server 2015
- Skype for Business Server 2019
- Visio 2016
- Visio 2019
- Word 2016
- Word 2019
Microsoft смета дека година и пол ќе биде доволна за корисниците, пред се организациите, да почнат да се подготвуваат за преминување кон понови верзии на споменатите производи, за да продолжат да бидат обезбедени и заштитени при нивното користење.