Долгоочекуваниот Snapdragon X Elite чип на компанијата Qualcomm, објавен минатата година за лаптопите со Windows, конечно е на повидок
Иако чипот беше претставен на крајот на 2023 година, ниту еден лаптоп кој користи Snapdragon X Elite сè уште не се појави на пазарот. Сепак, Qualcomm штотуку објави интригантна објава, навестувајќи нешто важно за 24 април, пишува 9to5 Google.
Со тизер на профилот на Twitter/X, Qualcomm ја скокотна фантазијата на фановите ширум светот. Иако деталите и натаму остануваат скромни, шпекулациите за тоа што може да значи оваа објава, се редат како на лента.
👀 Stay tuned for 4/24. pic.twitter.com/8SQ6SfZPT8
— Snapdragon (@Snapdragon) April 18, 2024
Snapdragon X Elite е претставен како чип базиран на ARM архитектура, дизајниран специјално за лаптоп компјутерите со Windows. Паралелно со успехот на чиповите на Apple во MacBook лаптопите, Qualcomm ветува моќни перформанси заедно со подобрено траење на батеријата во споредба со традиционалните x86 чипови. И покрај тоа што имаше првична возбуда околу X Elite, недостатокот на најави за лаптопи кои го користат овој чип ги остави љубителите на технологијата во малку неизвесност, во исчекување на неговото деби.
Најпопуларната гласина досега е дека еден од првите лаптопи што ќе го користи Snapdragon X Elite би можел да биде варијација на лаптопот Surface Laptop 6, кој се очекува во мај. Сепак, новонајавениот датум на Qualcomm му претходи на настанот на Microsoft, што укажува на можноста некои други производители на лаптопи да објаватасопствена постава на уреди со овој чипсет.
Yoga Slim 7 14(.5) 2024 Snapdragon Edition pic.twitter.com/k29LupeWk6
— WalkingCat (@_h0x0d_) April 17, 2024
Она што може да означи голем пресврт е инсајдерската најава за лаптоп на Lenovo напојуван со Snapdragon X Elite чипсет, идентификуван како Lenovo Yoga Slim 7 (14) Snapdragon Edition, што дополнително го поттикна очекувањето за она што доаѓа, посебно кај фановите на Lenovo.
Дополнително, технолошката заедница ширум светот известува и за можноста за официјално претставување на „Snapdragon X Plus“, под-варијанта на чипсетот X Elite што беше објавен на почетокот на овој месец, најавен како поедноставена верзија на неговиот претходник.
Значи, без разлика дали се работи за лаптоп на Lenovo со X Elite чип или верзија на Snapdragon X Plus, едно е сигурно: сè ќе дознаеме за неколку дена. Поточно на 24 април.