Во првиот квартал од 2024 година емисиите на цврсти честички од сите мерни точки во Макстил продолжуваат да бидат далеку пониски од дозволените европски гранични емисиони вредности и воедно пониски од параметрите пропишани од страна на Министерството за животна средина и дефинирани во А-интегрираната еколошка дозвола.
На мерната точка Оџак од пескара, каде дозволената гранична вредност изнесува 30 (mg/Nm3) милиграми на нормален метар кубен, во месец јануари биле измерени само 4,87 милиграми на нормален метар кубен, во февруари – 5,97, а во март – 6,33 mg/Nm3, што значи дека највисоката вредност била речиси пет пати пониска од дозволената.
Уште пониска емисија на цврсти честички е измерена на мерното место Оџак од филтер постројка каде дозволената гранична вредност изнесува 20 милиграми на нормален метар кубен. Во јануари на ова мерно место биле измерени само 0,08 милиграми на нормален метар кубен, во февруари – 0,1 и во март – 0,19 mg/Nm3.
Макстил во континуитет ги мери емисиите на цврсти честички од двете мерни точки, а резултатите ги објавува квартално. Континуираните мерења на емисиите на цврсти честички од двете мерни точки кои се објавуваат веќе две години покажуваат дека тие постојано се неколку пати пониски од граничните дозволени вредности.
Ваквите ниски вредности се резултат на обемните инвестиции во модерна опрема и воведените нови современи технолошки процеси во производствениот процес на Макстил.
Во продолжение на ова соопштение следи пресекот на емисионите вредности на цврсти честички во периодот од јануари до март, 2024 годинa.