Отсега натаму, ќе биде уште полесно да го пронајдете она што го барате на својот Google Drive на телефоните со Android, благодарение на подобрените филтри за пребарување
Google Drive платформата воведува нови категории на филтри за побрзо пребарување на фајлови на уредите со Android, со кои корисниците можат да ги филтрираат пребарувањата според типот, сопствениците и последната модификација на фајлот. Овие функции пристигнаа на уредите со iOS пред еден месец, а сега можат да ги употребуваат и корисниците со уреди со Android.
Категориите на филтри ќе бидат поставени директно под лентата за пребарување. Покрај тоа, корисниците ќе имаат и опција дополнително да го ограничат своето пребарување на страницата со резултати од пребарувањето.
Ажурирањето треба да биде достапно за сите корисници на Google Workspace, заедно со оние кои имаат лични сметки на Google, истакна AndroidPolice.
Ако користите Android, секогаш можете да ја преземете најновата надградба на оваа апликација од Play Store, а ако никогаш не сте ја користеле апликацијата – се работи за услуга на Google базирана на облак, во која можете да складирате и да пристапувате до фајлови, при што добивате 15 GB слободен простор за складирање.