Apple има голем број политики во однос на постигнување помало негативно влијание врз животната средина. Еден од нив е и тоа што компанијата престана да користи кожа во аксесоарите за своите уреди.
Наместо кожа, беше претставено решението FineWoven, кое дебитираше заедно со iPhone 15 серијата, но подоцна се покажа дека додатоците, поточно футролите, се со мала издржливост.
Корисниците се жалеа дека по многу кратко време користење се забележува промена во изгледот на материјалот. Исто така, на некои корисници им е непријатно да ги држат подолго своите уреди во вакви футроли, а сето тоа е прилично непријатно, со оглед на високите цени на аксесоарите.
FineWoven has gone.
Since its durability were bad.
All the production line was stopped and removed.
Apple would move to another material—Again, not the leather.So see ya'll in leather hell.
(Recycling Company) pic.twitter.com/KVaBZC6z6S— Kosutami (@Kosutami_Ito) April 21, 2024
Се чини дека сето ова го натера Apple да ја преиспита својата стратегија, со индикации дека компанијата го прекинува производството на FineWoven додатоците и се претпоставува дека ќе се префрли на нов вид материјал.
Засега не е јасно кога ќе се преземе овој потег, но логично би било тоа да се направи со најавата за претстојната iPhone 16 серија..