Смартфонот Nubia Flip во февруари беше претставен како најевтин смартфон на преклоп во светот со почетна цена од 499 долари (околу 468 евра), но сега ќе ја загуби оваа титула.
Компанијата Blackview во мај ќе го претстави својот флексибилен смартфон на преклоп наречен Hero 10, кој ќе чини 399 евра (околу 425 долари). Се разбира, цената може да варира во различни региони, но сосема е јасно дека Hero 10 ќе биде подостапоен од Nubia Flip, со кој го дели форматот на преклопување.
Се чини дека конечно доаѓа времето кога телефоните на расклопување со попристапни цени повеќе нема да бидат сон, туку реалност. Очекувано, спецификациите нема да бидат на врвно ниво, но нема да биде лошо за оние кои се подготвени да направат некои компромиси.
Blackview Hero 10 има главен флексибилен AMOLED екран од 6,9 инчи со резолуција од 1080×2560 пиксели и брзина на освежување од 60Hz, а од компанијата велат дека токму стапката на освежување овозможува пониска цена. Кога ќе се отвори, дебелината на уредот е само 8,8 мм, а тежи 198 грама.
На задната страна е поставена главна камера од 108 MP, која е придружена од ултраширока камера од 8 MP. На предната страна се наоша селфи камерата од 32 MP. Уредот го покренува процесорот Helio G99 на MediaTek, кој не поддржува 5G мрежа, така што корисниците се ограничени на 4G. Hero 10 доаѓа со 12 GB RAM и 256 GB простор за складирање
Смартфонот ќе користи Android 13, што е главно неприфатливо за уредите од средната класа во 2024 година. Капацитетот на батеријата е сè уште мистерија, но не треба да очекуваме дека ќе биде особено голем.
По малку повисока цена, Nubia Flip нуди екран со стапка на освежување од 120 Hz, користи помоќен Snapdragon 7 Gen 1 процесор и поддржува 5G мрежа, но неговата главна камера е послаба и има половина од RAM меморијата. Изборот помеѓу овие два уреди ќе се заснова кои спецификации лично ги претпочитаат купувачите. Треба да се напомене и дека Nubia Flip користи Android 13, така што тоа не е одлучувачки фактор.