Meta сака да стане како Google за Android и Microsoft за PC, но на пазарот на виртуелна и проширена реалност.
Пред генеративната вештачка интелигенција и чет-ботoвите како ChatGPT да го окупираат светот, некои технолошки компании веруваа дека следната голема технологија што ќе се користи масовно е виртуелната реалност. Иако VR навистина може да стане дел од нашиот секојдневен живот како паметните телефони во последната деценија, тоа нема да се случи наскоро.
Тоа му е јасно и на Марк Цукерберг, кој пред неколку години реши оваа технологија да ја направи приоритет во својата компанија, на која дури и го смени и името од Facebook во Meta, за да нагласи дека доаѓа времето на виртуелните светови или метаверс. Неговите идеи низ виртуелниот свет, барем засега, се покажаа како прилично неуспешни, иако долгорочно може да испаднат и профитабилни.
Со цел да го направи VR атрактивен и достапен за поголем број корисници, компанијата на Цукерберг оваа недела ја објави достапноста на нивниот оперативен систем, кој беше развиен специјално за Meta Quest уредите и за уредите за виртуелна реалност од други компании. Исто така, по тој повод беа објавени одредени промени во однос на името на самиот оперативен систем, кој сега стана Meta Horizon OS, додека продавницата за апликации Quest стана Meta Horizon Store, а новото име на мобилната апликација сега е Meta Horizon.
Познати се и првите Meta партнери кои ќе развиваат хардвер за новиот Meta Horizon OS. Првата ваква компанија е Asus, а бидејќи се работи за уред од ROG серијата, јасно е дека е наменет за гејмерите. Покрај Asus, VR уред подготвуваат и Lenovo и Microsoft. Бидејќи се работи за Meta Quest кој ќе го користи брендот Xbox, јасно е и дека ќе биде наменет првенствено за играње видео игри.
Сите овие гореспоменатите VR уреди ќе работат на хардвер на Qualcomm веќе вграден во постоечките уреди Meta Quest и тие ќе се разликуваат во конфигурацијата, компонентите и вградените леќи.
Како што нагласуваат на TechSpot, софтверскиот екосистем за VR на Meta ќе стане уште поотворен, а компанијата на Цукерберг ќе дозволи и нови канали за дистрибуција на апликации за Horizon OS, а нивната желба е Play Store на Google еден ден да стане достапен, но тоа ќе зависи од плановите на компанијата. Со сите споменати новитети, Цукерберг сака да примени стратегија на отворена платформа за виртуелна реалност како Android за телефони или Windows за компјутери, а сепак имаат намера да презентираат свој хардвер и VR/AR уреди, кои како што сега изгледа сега, би можеле да бидат најголемиот конкурент на Apple на пазарот.