Сондата Voyager 1, која сега се наоѓа во длабоката вселена, испраќа корисни податоци на Земјата по пет месеци поправки, објави американската вселенска агенција NASA.
Voyager 1 и Voyager 2 се единствените вештачки летала што стигнале до меѓуѕвездениот простор. Voyager 1 не можеше да испрати корисни информации за својот статус и научната мисија од 14 ноември, но по долги и софистицирани напори, инженерите на NASA успеаја да ја поправат сондата и да ги добијат нејзините ажурирања за статусот на Voyager 1 што може да се дешифрираат.
Сепак, извештаите од научните податоци сè уште не се читливи и инженерите на NASA работат на тоа.
Научниците од Jet Propulsion Laboratory на NASA во Калифорнија потврдија дека проблемот е во еден од трите компјутери на Voyager наречен Подсистем за податоци за летот или FDS, кој е одговорен за пакување на научни и инженерски податоци пред да ги испрати на Земјата.
Откриле дека еден чип во FDS не функционира, и за да го решат проблемот, работеле на префрлање на кодот содржан три други локации во рамките на FDS. Тоа е комплициран маневар кој вклучува низа софистицирани промени потребни за да се осигура дека различните компоненти сè уште можат да функционираат заедно.
Бидејќи Voyager 1 е најоддалечениот објект направен од човек во вселената и се наоѓа на повеќе од 24 милијарди километри од нашата планета, требаше да се чека речиси 24 часа за да се заврши секој чекор од модификациите. Но, минатиот викенд НАСА потврди дека промените се успешно завршени и дека сондата повторно испраќа читливи инженерски податоци.
Во меѓувреме сондата Voyager 2 продолжува да работи нормално.
Voyager 1 и Voyager 2 беа лансирани во 1977 година и сè уште се најоддалечените вселенски летала во историјата на човештвото. Пред да влезат во меѓуѕвездениот простор, и двете сонди прелетаа покрај Сатурн и Јупитер, додека Voyager 2 ги посети и Уран и Нептун.