Недолго по претставувањето на Nothing Phone 2a, врз основа на новите протечени информации, Nothing Phone 3 не е далеку – и пристигнува во текот на оваа година
Веќе во следните два месеци на пазарот би можеле да го видиме Nothing Phone 3, уште еден телефон од компанијата Nothing, но засега, освен тоа што наводно нема да биде премиум уред, нема уште многу информации.
Упатените тврдат дека претстојниот смартфон се разликува од надградената Nothing Phone 2a верзија, што значи дека postoi уште еден телефон од оваа компанија, заклучува Wccftech.
Иако тоа би требало да биде причина за славење за љубителите на овој бренд, врз основа на шаблонот по кој досега ги објавуваше уредите, можно е наместо најновите чипсети на пазарот, во него да видиме малку постар Snapdragon 8 Gen 2 чипсет.
Сепак, секако е убаво да се види дека уште една смартфон компанија на пазарот полека, но сигурно расте, а додека не излезе новиот Nothing Phone, продолжуваме да ги следиме insajderite за да имаме појасна слика за неговите спецификации и карактеристичниот дизајн што го негува брендот.