Дали најголемата разлика помеѓу видео игрите и повеќето други видови уметност наскоро ќе стане минато?
И покрај сè пореалистичната графика, сè пообилната употреба на сцени или сè почестото „позајмување“ на холивудските ѕвезди, видео-игрите обично ги ссметаме како медиум кој значително се разликува од филмскиот, по тоа што е интерактивен.
Сепак, ова наскоро би можело да се промени, барем ако се прашува тимот на Sony.
Имено, Sony неодамна поднесе патент за auto-play функција, која на играчите би требало да им овозможи контрола на AI во оние моменти кога играта повеќе не им се игра, но и натаму им се гледа – баш како филм.
Иако сè уште не се знае дали наведената ќе заживее претстојниот PlayStation 5 Pro, познато е дека AI ќе се едуцира за вашиот стил на играње преку информациите зачувани во облакот, а потоа ќе ве симулира што е можно подобро.
Што може да значи ова за иднината на гејмингот или дали видео игрите наскоро ќе станат уште повеќе како седмата уметност, се разбира, останува подеднакво отворено и интересно прашање.