Во новата бета верзија на WhatsApp се појави функција која им овозможува на корисниците меѓусебно да си испраќаат фајлови, баш како што е случајот со AirDrop и Nearby Share
WhatsApp добива своја верзија на AirDrop и Nearby Share. Имено, новата бета верзија на Android апликациите (2.24.2.20) донесува функција која им овозможува на корисниците полесно да разменуваат фајлови.
Според скриншотовите објавени од WABetaInfo, функцијата се чини дека дозволува испраќање фајлови до сите во близина, без разлика дали тој корисник е во контактите на испраќачот или не. Сè е заштитено со end-to-end енкрипција, а корисниците ќе можат да ја исклучат својата видливост во секое време.
Иако сето тоа звучи очигледно, она што е особено интересно е тоа што за примање на фајлови е потребно да се протресе мобилниот телефон.
Излегувањето на оваа функција се очекува во наредните недели.