Кинескиот технолошки гигант Huawei планира да ја објави својата платформа HarmonyOS за меѓународниот пазар, и покрај ограничувањата во форма на санкции наметнати од Соединетите американски држави.
HarmonyOS платформата на Huawei за паметни телефони ќе биде достапна во земји надвор од матичната земја на компанијата – Кина, иако санкциите на Западот предводени од САД се обидуваат да ја ограничат земјата, како и компанијата, во технолошкиот развој.
Кинеската технолошка мегакорпорација лансираше сопствен оперативен систем за телефони во 2019 година, истата година кога американските санкции го блокираа Huawei да пристапи до Android на Google за работа на неговите уреди.
Неодамна, Huawei забележа дека неговиот Mate 60 Pro смартфон стана попопуларен уред на огромниот кинески потрошувачки пазар, истиснувајќи ги конкурентите како iPhone. Покрај тоа, неодамна бевме сведоци на лансирање на нова линија уреди на Huawei под името Pura 70 (поранешната серија P), што може да претставува уште поголема закана за продажбата на уредите на Apple во земјата.
Huawei сега го насочи својот поглед кон меѓународна експанзија и има намера до 2024 година да го развие домашниот HarmonyOS екосистем за апликации во 2024 година, вклучувајќи ги и донесувањето на најпопуларните апликации за паметни телефони на својата платформа.
„Ќе вложиме напори најпрвин да го изградиме екосистемот за апликации HarmonyOS на кинескиот пазар, а потоа, земја по земја, постепено ќе почнеме да го шириме во другите делови на светот“, им изјави на присутните претседателот на Huawei, Ерик Зу на 21. Аналитички самит во Шенжен минатата недела.
Дел од овој процес вклучува префрлање на апликации на HarmonyOS и охрабрување на другите програмери на апликации да работат за оваа платформа.