Производите за 2024 година нудат уште повисоко ниво на домашна забава со напредни процесори и моќни функции базирани на вештачка интелигенција
Samsung Electronics детално ја претстави својата линија на телевизори и soundbar-звучници на овогодишниот настан Unbox & Discover, вклучувајќи ги најновите Neo QLED 8K и 4K и OLED телевизори и soundbar-звучници. Понудата на Samsung, како водечки производител на телевизори веќе 18 години по ред, го збогатува искуството за домашна забава на овогодинешниот настан со серија моќни решенија базирани на вештачка интелигенција.
„Ги поместуваме границите на домашната забава со интегрирање на вештачката интелигенција (AI) на начини кои го надминуваат традиционалното доживување при гледање“, рече СВ Јонг (SW Yong), претседател и директор на Одделот за визуелни екрани во Samsung Electronics. „Овогодинешната линија ја потврдува нашата посветеност на иновациите и нуди производи кои нудат исклучително искуство на гледање и даваат значаен придонес во животниот стил на нашите корисници.“
Изострување на вашите сетила со Neo QLED 8K: јасност, звук и паметно искуство
Neo QLED 8K се смета за водечки производ на најновата линија на телевизори на Samsung, кој е опремен со напредниот процесор NQ8 AI Gen3 и означува голем напредок во технологијата AI TV. Овој процесор располага со единица за невронска обработка (NPU) за двојно поголема брзина од претходниот модел, како и осумкратно зголемување на невронските мрежи, од 64 на 512 – што гарантира исклучително искуство на гледање со кристално јасни детали, без оглед на изворот на емитување.
Секој кадар на Neo QLED 8K е вистинско уживање за очите благодарение на технологијата за слика базирана на вештачка интелигенција. Таа ги истакнува најмалите детали со неспоредлива јасност и природност, од изрази на лицето до најсуптилните нијанси. Со 8K AI Upscaling Pro, омилените серии и филмови на корисниците се трансформираат во приказ со резолуција од речиси 8K, овозможувајќи им да уживаат во детали и јасност на сликата што ги надминува стандардните телевизори со 4K. Дополнително, AI Motion Enhancer Pro обезбедува подобрен и појасен приказ на сцените преполни со акција – сон на секој љубител на спортот – додека Real Depth Enhancer Pro додава реална длабочина на сликата и ги остава гледачите без здив. Сите овие функции заедно го редефинираат искуството на големиот екран и поставуваат нов стандард на визуелно искуство.
Neo QLED 8K, исто така, има прецизен звук заснован на AI технологијата за звук. Овогодинешниот Active Voice Amplifier Pro сега оди подалеку од одвојувањето на разговорите од бучавата во позадина и гарантира дека секој збор се слуша јасно. Object Tracking Sound Pro, исто така, го збогатува звучното искуство со синхронизирање на звукот со дејството на екранот, создавајќи подинамично и попривлечно доживување при гледањето. Adaptive Sound Pro дополнително го подобрува звучното искуство со интелигентно прилагодување на звукот на содржината и акустиката на просторијата за навистина богат, вистински звук.
Neo QLED 8K може да се пофали и со AI функции, кои ги прилагодуваат и ги разбираат потребите на корисниците.
Режимот AI Auto Game Mode се активира додека играте и ги подобрува визуелниот приказ и звукот за уште поимерсивно и попривлечно искуство во играњето. Режимот AI Customization Mode ја приспособува сликата на секоја сцена врз основа на преференциите на корисникот, додека режимот AI Energy Mode заштедува енергија без да се загрозува квалитетот на сликата. Благодарение на овие карактеристики, Neo QLED 8K е едноставен, персонализиран и енергетски ефикасен за сите видови на забава.
Достапни во два модели, QN900D и QN800D, и во големини од 65, 75 и 85 инчи, линијата Neo QLED 8K ветува неспоредливо искуство на гледање што поставува нови стандарди во врвната категорија на големи екрани.
Паметни функции со оперативниот систем Samsung Tizen OS за подобрена интеграција и персонализација
Екраните на Samsung AI TV за 2024 година го редефинираат корисничкото искуство со напредна поврзаност и низа паметни функции, апликации и платформи. Врз основа на моќниот оперативен систем Tizen OS, овие иновации формираат екосистем кој е поврзан, персонализиран и безбеден, овозможувајќи им на уредите лесно да се интегрираат во дигиталниот свет на корисниците и да ги претворат екраните во главен центар на сите нивни потреби.
Најновите Samsung телевизори се дизајнирани да се поврзат со паметниот екосистем веднаш по инсталацијата. Во моментот кога корисникот ќе го вклучи својот нов Samsung TV, овој уред ги препознава и се поврзува со постоечките мрежи и уреди преку едноставно праќање на известување на паметниот телефон на корисникот. Оваа инсталација без напор се применува на сите уреди на Samsung во домот, како и на апарати и IoT уреди од трети страни, благодарение на компатибилноста со HCA и Matter. Ова ја елиминира потребата од дополнителни центри, така што сè, од осветлување до безбедносни сензори, може да се контролира директно од екранот.
Линијата на екрани на Samsung за 2024 година, исто така, ја носи интеграцијата со паметниот телефон на корисникот на следно ниво. Корисниците можат едноставно да го стават својот паметен телефон во близина на телевизорот за да активираат Smart Mobile Connect, што го претвора уредот во универзален далечински управувач за телевизорот и поврзаните домашни апарати. Покрај тоа, корисниците сега можат да го користат својот паметен телефон како контролер за игри со приспособлив кориснички интерфејс (UI) и тактилни повратни информации за поудобно и подобрено играње.
Покрај поврзаноста, уредите Samsung Smart TV за 2024 година нудат и исклучително персонализирано искуство со користење на апликации и платформи. Со најновото додавање виџети, TV екраните сега се персонализирани контролни табли кои им овозможуваат на корисниците лесно да ги следат условите во домот, снимките од камерата, потрошувачката на енергија, временската прогноза и многу повеќе. Samsung ја воведува и Samsung Daily+, унифицирана платформа за паметни домови, која обединува различни апликации, како SmartThings и Workout Tracker, кои поддржуваат различни аспекти на животниот стил на корисникот.
Безбедноста е на прво место и со Samsung Knox. Секоја функција, апликација и платформа има силна заштита за да го задржи вашето поврзано искуство приватно и безбедно, за што, да потсетиме, Samsung го доби Сертификатот за општи критериуми (СС) за линијата телевизори за 2024 година.
Широка линија за сите видови на забава: Neo QLED 4K, OLED и звучни уреди
Оваа година, Samsung воведува проширен и подобрен опсег на TV и звучни уреди дизајнирани да им овозможат на корисниците побогат избор кој одговара на различни животни стилови и преференции. Оваа сеопфатна линија ја нагласува посветеноста на Samsung за иновации и пристапот насочен кон клиентите.
Линијата Neo QLED 4K за 2024 година ги носи најновите иновации на најновите водечки Neo QLED 8K телевизори за уште подобро искуство на гледање со револуционерни функции на процесорот NQ4 AI Gen2. Овој напреден чип овозможува прикажување на речиси сите видови содржини со импресивна 4K резолуција. Со технологиите Real Depth Enhancer Pro[7] и Quantum Matrix како подобрувања, екранот гарантира совршен контраст дури и во сложени сцени. Со првиот екран во светот со валидација Pantone за прецизност на боите и Dolby Atmos за имерсивно звучно искуство, Neo QLED 4K го поставува стандардот за совршено 4K UHD искуство. Neo QLED 4K ќе биде достапен во големини од 55 до 98 инчи за да одговара на различни средини.
Samsung го воведува и првиот OLED екран во светот без отсјај, кој ја елиминира непотребната рефлексија и зачувува длабоки нијанси на црна боја и јасни слики под какви било услови на осветлување. Со истиот моќен процесор NQ4 AI Gen2, како и со линијата Neo QLED 4K, Samsung OLED телевизорите имаат функции како што се Real Depth Enhancer и OLED HDR Pro, кои дополнително го подобруваат квалитетот на сликата.
Покрај тоа, со функции како Motion Xcelerator 144H, којашто гарантира совршено движење и брз одговор, Samsung OLED е непогрешлив избор за игри. Благодарение на елегантниот дизајн, овие OLED телевизори се достапни во два модели – S95D и S90D – со распон на дијагонала од 48 до 83 инчи.
Линијата за 2024 година го вклучува и најновиот sоundbar-звучник од серијата Q, Q990D, кој може да се пофали со 11.1.4 канален звук со Wireless Dolby Atmos озвучување. Овој модел доаѓа со цела низа функции кои ја потврдуваат неприкосновената лидерска позиција на Samsung како најпродаваниот бренд за sоundbar-звучници во последните 10 години, вклучувајќи иновации како што е Sound Grouping за пулсирачки звук, кој ја исполнува просторијата и содржина опција за приватно слушање што им овозможува на корисниците да уживаат во нивната содржина преку позадински звучници, без да ги вознемируваат другите.
Ултра тенките sоundbar-звучници S800D и S700D нудат исклучителен квалитет на звук во неверојатно елегантен дизајн кој не зазема голем простор. Покрај тоа, овие уреди како и моделите S60D, S50B и Music Frame, на пример, доаѓаат со напредната аудио технологија Q-Symphony, која совршено ги интегрира телевизорите и sоundbar-звучниците на Samsung за неспоредливо звучно искуство.
И на крај, Samsung го претстави целосно новиот Music Frame, кој го комбинира звукот со уметничкиот дизајн инспириран од The Frame. Овој разновиден уред им овозможува на корисниците да прикажуваат приватни слики или уметнички дела додека уживаат во безжично аудио искуство со паметни функции. Без разлика дали се користи како самостоен уред или е поврзан со телевизор и sоundbar-звучник, Music Frame ветува подобрено звучно искуство што го надополнува секој простор.
За повеќе информации за телевизорите на Samsung за 2024 година, посетете го Samsung.com.