HMD Pulse, Pulse+ и Pulse Pro ќе бидат достапни во продажба на европскиот пазар почнувајќи од месец мај.
Финската компанија Human Mobile Devices (HMD), која стои зад телефоните на Nokia, ја претстави првата линија на паметни телефони под брендот HMD Global. Се работи за Pulse серијата, која содржи три модели по достапна цена. Сите три поддржуваат сервисирање во домашни услови со можност за замена на различни компоненти, а резервните компоненти и инструменти може да се изнајмат преку веб-страницата iFixit.
Сите три модели работат со буџетскиот Unisoc T606 чипсет и имаат LCD дисплеј од 6,65 инчи со резолуција од 720p+ (20:9) со стапка на освежување од 90Hz. Екранот има солидна осветленост од 600 нита и покрива 70% од NTSC опсегот на бои. Моделите поддржуваат 4G, Wi-Fi 5 (ac) и Bluetooth 5.0 и доаѓаат со можности за NFC и сензор за отпечатоци вградено во копчето за вклучување.
Основниот модел е наречен HMD Pulse и ќе се продава по цена од 140 евра во сина, розова и црна боја. Меѓу другите негови карактеристики е главната камера од 13 MP со дополнителен сензор за бокa ефекти, како и селфи камера од 8 MP. Батеријата има капацитет од 5000 mAh и поддржува полнење од 10 вати, а исто така може и лесно да се замени.
Според компанијата, батеријата поддржува 800 целосни циклуси на полнење. Присутен е и IP52 сертификатот за водоотпорност, 4GB / 6GB RAM и 64GB простор за складирање што може да се прошири. Уредот доаѓа со Android 14 и ќе добие две години основни надградби на Android и 3 години безбедносни поправки. Ова важи и за останатите два модела.
HMD Pulse+ моделот ќе се продава по од цена 160 евра и нуди 4GB / 6GB / 8GB RAM и 128GB простор за податоци. Главната промена е во главната камера која вклучува главен сензор од 50MP, а за селфи фотографии има камера од 8MP. Тука се користи батерија од 5000 mAh, со полнење од 10 вати. Уредот се продава во праска, зелена и црна варијанта на боја.
Ситуацијата со HMD Pulse Pro е релативно иста, но цената е зголемена на 180 евра. Дисплејот, чипсетот, основната камера и меморијата се слични како кај HMD Pulse+, но селфи камерата е надградена со сензор од 50MP, за подобри селфи снимки. Батеријата има капацитет од 5000 mAh, но се полни со 20 вати.
Pulse Pro доаѓа во три бои: зелена (Glacier Green), виолетова (Twilight Purple) и црна (Black Ocean). Зелениот HMD Pulse Pro има и свој полнач во сите бои, кој се продава посебно.
HMD Pulse, Pulse+ и Pulse Pro ќе бидат достапни во продажба на европскиот пазар почнувајќи од месец мај.