Фински производител на кафе користел вештачка интелигенција за да создаде идеална мешавина на кафе.
Вештачката интелигенција се наметна во уште едно поле на човековата активност, создавањето идеална мешавина на кафе за финскиот бренд и пржилница Kaffa Roastery од Хелсинки.
Кафето наречено AI-conic е создадено кога Анти Мерилехто, основачот на финската компанија „Елев консалтинг“ и долгогодишен потрошувач на Kaffa Roastery, дошол до идеја да користи вештачка интелигенција за да создаде нова мешавина. Оваа идеја им ја кажал на челниците на брендот, кои веднаш се заинтересирале и почнале да ја спроведуваат заедно со него.
Користејќи големи јазични модели за кои велат дека се слични на ChatGPT и Copilot, Elev и Kaffa побарале од вештачката интелигенција да измеша кафе во кое доминира бразилската сорта „фазенда пинал“, по што вештачката интелигенција создала мешавина од четири зрна кои проценила дека најдобро би одговарале на вкусот на љубителите на кафе во Финска, земјата која троши најмногу кафе (12 кг) по глава на жител годишно во светот.
AI-conic содржи сорти на зрна од четири земји, и тоа Бразил, „фазенда пинал“: 40%, Етиопија, „герука“: 10%, Колумбија, „сан лоренцо“: 25% и Гватемала, „ла болса“: 25%.
Пред објавувањето, од Kaffa спроведоа тест меѓу експертите и нивните клиенти кои се согласиле дека AI-conic е најдоброто кафе што некогаш го пробале.