Оваа многу корисна функција, која ја чекаат огромен број корисници кои боледуваат од дијабетес, конечно станува функција на претстојниот паметен часовник Galaxy Watch 7 на Samsung
Веќе подолго време е познато дека Samsung вложува многу напор за да им обезбеди на корисниците на своите носечки уреди неинвазивно следење на нивото на шеќер во крвта. Компанијата веќе некое време интензивно работи на оваа технологија, а голема е веројатноста дека следната верзија на Galaxy Watch 7 часовникот конечно ќе ја добие оваа многу корисна функција.
Со ова всушност се продолжува трката меѓу компаниите Samsung и Apple со цел вградување корисни функции за следење на здравствените параметри на корисниците. Всушност, речиси е сигурно дека Samsung ќе излезе со сопствена верзија на овој корисен уред порано од конкурентот Apple.
Според најновиот извештај што доаѓа од Јужна Кореја, Samsung ќе воведе следење на гликоза во крвта оваа година со пристигнувањето на Galaxy Watch 7. Во текот на денешниот ден пристигна информацијата дека новиот Galaxy Watch 7 ќе биде претставен на следниот Galaxy Unpacked настан на компанијата, што наводно ќе се одржи на 10 јули во Париз.
Galaxy Watch 7 пристигнува на почетокот на втората половина на годината
Хон Пак, потпретседател и раководител на одделот за дигитална здравствена заштита во рамките на Samsung Electronics ги истакна напорите на компанијата во правец на усвојување на неинвазивната технологија за следење на шеќер во крвта и да ја инсталира на своите носечки уреди уште во јануари оваа година. Тој посочи дека Samsung вложува „значителни ресурси и напори“ за да ја реализира оваа технологија.
Овој висок позициониран раководител неодамна се сретна со членовите на советодавниот одбор на платформата Samsung Health, која работи во рамките на Медицинскиот центар на Samsung лоциран во Сеул. Дискусиите се фокусираа на можноста за следење на шеќерот во крвта, дијабетесот и примената на вештачката интелигенција на платформата Samsung Health, која ќе биде составен дел на идните мобилни уреди на Samsung.
Сега се очекува дека Samsung ќе ја додаде функцијата за следење на шеќер во крвта со доаѓањето на претстојната Galaxy Watch 7 серија уреди. Сепак, компанијата може да одлучи да го класифицира паметниот часовник како електронски уред наместо медицински уред, главно од регулаторни причини.
Исто така, постои можност оваа функција да биде достапна и на Samsung Galaxy Ring, првиот паметен прстен на компанијата, кој исто така се очекува да биде претставен на Unpacked nастанот. Останува да се види дали тоа ќе се случи со првата верзија на производоте. Можно е Samsung да задржи некои напредни функции за втората верзија на својот паметен прстен, пренесува Sammobile.
Samsung наводно ќе го одржи следниот Galaxy Unpacked на 10 јули во Париз