Овој викенд од 26 до 28 април се организира второто издание на Стартап Викенд Охрид, кој настанот во петок попладне и ќе трае до недела вечер.
Стартап Македонија е организатор, додека пак универзитетот за информатика “Св. Апостол Павле” е домаќин на овој настан, кој што е најголем настан од ваков тип во државата.
По отварањето на настанот во петок попладне, првата активност која што ја имаа учесниците беше пичирањето на идеите.
Околу 20 идеи беше бројката на презентирани идеи од страна на младите професионалци пред менторите и останатите учесници на настанот.
Откако сите си ги презентираа (pitching) своите идеи, секој учесник располагаше со по три гласа, со кои што можеше да гласа за една или повеќе идеи.
По гласањето, половина од идеите продолжија понатаму, додека останатите прекинаа. Учесниците, чии што идеи отпаднаа се приклучија на учесниците чии што идеи продолжија понатаму и со тоа воедно се формираа тимовите.
Откако тимовите беа формирани, се одржа работилница за Бизнис модел канвас, на која што се разговараше за важнста и суштината на овој модел.
Тимовите започнаа со работа на своите идеи во текот на ноќта, сѐ до финалното гласање, кое што е закажано во недела попладне. Нивната задача е да ги преточат своите идеи во бизнис решенија, односно прототипи.
Во текот на вториот ден, тимовите ќе имаат и ментороска поддршка, која што е доста разнолика, бидејќи менторите доаѓаат од различни обласити.
Во текот на вториот ден, тимовите ќе добијат разноврсна менторска поддршка, бидејќи менторите доаѓаат од различни области и ќе ја понудат својата експертиза, сѐ со цел да им помогнат на тимовите да дојдат до подобри прототипи.
Покрај менторската поддршка, за вториот ден е предвидено и оддржување на работилница за валидација на идеја и работилница за pitch.
Што мислат учесниците за Стартап Викендот?
Милента Петковска, учесник на Стартап Викенд и дел од тимот на Ommn
Нашата идеја е Omnilyst, воглавно тоа ќе биде платформа специјализирана за контент креатори и инфлуенсери.
Искуството на целиов стартап викенд е доста едукативно, поради тоа што има многу голем број на информации постојат на интернетот, што можеме на ги најдеме и што може само да не збунат во процесот на самата креација на бизнис.
Фасилитаторот беше тука за да не насочи и да ни помогне полесно да креираме еден квалитетен стартап бизнис.
Дарко Соколески, волонтер на Стартап Викенд Охрид
Јас сум контент креатор на Стартап Викенд и мојот дел е да го креирам целиот контент кој што излегува на социјалните платформи и да го промовирам настанот најдобро што можам.
Како си поминуваш?
Супер си поминувам, работно и искуствено
Која лекција ја научи на овој Стратап Викендот? Ја научив лекцијата дека треба да работиме понапорно и подинамично.