Следната генерација паметни часовници на Apple се очекува да вклучува иновативни материјали и промени во дизајнот кои би можеле да го трансформираат целото корисничко искуство.
Извештаите сугерираат дека Apple ќе се префрли на потенки бакарни матични плочи обложени со смола (RCC – Resin coated copper) за претстојниот Apple Watch Series X, кој се шпекулира дека ќе биде наречен како и десеттата верзија од iPhone. Оваа технологија претходно се шпекулираше дека ќе се користи и за iPhone 17, а со неа се менува типично зелениот, сивиот или црниот леплив материјал на матичните плочи.
Овој материјал не само што е потенок и полесен, туку овозможува и намалување на вкупната дебелина на уредот. Сепак, тоа не значи дека куќиштето ќе биде потенко, бидејќи потенцијалното намалување на дебелината всушност отвора простор за дополнителни компоненти, како и зголемување на батеријата.
Како што пренесува Digitimes, неименувани извори од синџирот на снабдување наведуваат дека RCC технологијата ќе се користи во најмалку еден модел на Apple Watch. Сè уште не е познат точниот датум на издавање на тој модел, но се шпекулира дека ова би можело да биде дел од редизајнот планиран за Apple Watch Series X.
Оваа промена на дизајнот ќе му овозможи на Apple да додаде нови здравствени сензори на часовникот, вклучувајќи технологија за крвен притисок и, потенцијално, неинвазивно следење на гликозата во крвта.
И покрај оптимистичките гласини, постојат предизвици поврзани со новите материјали како што е RCC. Аналитичарот Минг-Чи Куо предупредува за кревкоста на материјалот и изразува скептицизам за неговата неодамнешна употреба во производите, додека предвидува дека првпат ќе се користи за iPhone 17 во 2025 година.