Новите iPad модели кои наскоро ќе се најдат на пазарот сепак ќе имаат LCD и OLED наместо Mini LED екрани, но Apple подоцна може да изненади со таблет со Mini LED екран
Наместо очекуваниот Mini LED екран, кој би донел предност во осветленоста и прецизноста на боите во однос на стандардните LCD екрани, новите модели на iPad Pro и iPad Air кои треба да бидат претставени во мај ќе користат OLED и стандардна LCD технологија. Сепак, кон крајот на оваа година, американскиот гигант треба да претстави уште еден, целосно нов таблет со Mini LED дисплеј, кој нема да се најде во новите Pro и Air модели.
Оваа информација доаѓа од инсајдер, откако се проширија гласини дека Apple се откажал од употреба на Mini LED панели во iPad Pro моделите во корист на OLED екраните, кои треба да донесат неспоредливо повисок квалитет на сликата од претходната LCD технологија.
Некои аналитичари сугерираат дека трошоците за Mini LED панелите се високи, па нивното вклучување во релативно евтините модели на iPad уреди би било непрофитабилно за компанијата. Наместо тоа, Apple ќе користи Mini LED панели на новиот Pro модел на таблет, односно на поинаков начин отколку што првично планирашр, посочува WccfTech.
Тој модел би можел да биде лансиран до крајот на годината, по претставувањето на iPhone 16 серијата телефони наесен, а упатените очекуваат овој уред да ги комбинира Pro карактеристиките со нешто повисока цена во однос на Air линијата.
Најновите промени во дизајнот и функциите на iPad ќе бидат објавени на најавениот медиумски настан „Let Loose“ закажан за 7 мај, а упатените очекуваат Proмоделите да донесат значителни промени во дизајнот, вклучувајќи поголем OLED екран и редизајниранo куќиште.