Во својот неделен билтен „Power On“, Марк Гурман од Блумберг наведе некои од новите производи што очекува Apple да ги објави на претстојниот медиумски настан „Let Loose“ закажан за 7 мај.
Гурман сега верува дека постои „силна можност“ новите iPad Pro модели да бидат опремени со M4 чипот од следната генерација на Apple, наместо со M3 чипот кој дебитираше во MacBook Pro и iMac пред шест месеци. Познатиот аналитичар и инсајдер на информациите поврзaни со Apple рече дека клучна нова карактеристика на М4 чипот ќе биде надградениот Neural Engine кој ги зголемува перформансите за задачите со вештачка интелигенција и верува дека Apple ќе го пласира следниот iPad Pro како уред со вештачка интелигенција.
Тој наведе и дека новиот Apple Pencil што се очекува првпат да биде најавен на настанот, ќе сензор за хаптички фидебк. Иако не даде никакви детали за тоа како ќе функционира ова, можеби Apple Pencil ќе има мал Taptic Engine кој вибрира кога корисникјот се префрла помеѓу алатките за цртање и со користење на „squeeze“ гестот што порталот MacRumors претходно го откри во кодот на iPadOS 17.5 бета.
Гурман повтори и дека Apple ќе ја претстави првата 12,9-инчна верзија на iPad Air и редизајнирана Magic Keyboard тастатура за iPad.
Онлајн настанот на Apple започнува на 7 мај во 19 часот по средноевропско време, со видео пренос што ќе биде достапен на Apple.com и на каналот на компанијата на YouTube.