Новата функција во Google Play продавницата која се тестира од 2019 година ви овозможува да преземате две апликации на вашиот уред истовремено
Во споредба со претходниот систем за преземање апликации една по една, новата функција во Google Play Store е голем чекор напред бидејќи овозможува да се преземаат две апликации истовремено. Сепак, опцијата за повеќекратно преземање моментно не е достапна кога станува збор за ажурирањата на апликациите, но тоа може да се промени наскоро.
Google ја тестира оваа функционалност најрано од 2019 година и дури сега станува реалност. Поширокото воведување на оваа опција веќе започна, а тоа го забележа и порталот 9to5Google, при што функцијата се појави на неколку уреди, меѓу кои се и некои Pixel телефони.
Сепак, иако поентата на функцијата е повеќекратно преземање, моментно е можно да се вршат само две истовремени преземања, додека сите други апликации додадени на листата за преземања се ставени на чекање додека другите не завршат.

За разлика од тоа, претходно инсајдерите тврдеа дека оваа функција би требало да овозможи преземање на најмалку пет апликации истовремено, а не само две. Имајќи го ова на ум, веројатно е дека Google ќе воведе дополнителни промени на оваа функционалност во иднина, а најдобро би било доколку им овозможи на корисниците да изберат колку апликации можат да преземаат истовремено на овој начин.
Сепак, и во оваа форма, опцијата за повеќекратно преземање не вклучува ажурирање на повеќе апликации истовремено, каде Play Store, како и досега, презема само едно ажурирање, додека другите ги става на чекање. Поддршката за симултани преземања на ажурирањата на апликации секако би била покорисна, можеби повеќе од истовремените преземања, но веројатно е дека Google наскоро ќе го овозможи и тоа.


