Благодарение на новата функција првпат забележана во бета верзијата на апликацијата, корисниците на WhatsApp наскоро веќе нема да мораат да ги зачувуваат броевите за да ги повикуваат
WhatsApp работи на функција која ќе им овозможи на корисниците да ги повикуваат луѓето во апликацијата без да ги зачувуваат нивните броеви. Корисниците ја бараа оваа функција со години, а сега за првпат е забележана во Android 2.24.9.28 бета верзијата на апликацијата.
Според скриншот објавен од WABetaInfo, корисниците ќе можат да го отворат бирачот на броеви во WhatsApp, исто како што можат во нивната стандардна апликација за повикување, и едноставно да го внесат бројот што сакаат да го повикаат.
Ова е опција која во голема мера ќе го олесни процесот на остварување повици во рамките на WhatsApp, бидејќи до сега корисниците мораа рачно да зачувуваат броеви во својот именик и дури потоа да ја отворат апликацијата и да повикаат некого.
Засега не е познато кога ќе пристигне можноста за повикување на незачувани броеви во стабилната верзија на WhatsApp.