Кинескиот технолошки гигант Huawei закажа глобален настан за лансирање нови уреди на 7 мај, но моментно не се споменуваат смартфоните од новата Pura 70 серија
Претстојниот меѓународен настан за лансирање уреди на Huawei ќе се одржи во Дубаи на 7 мај, кога компанијата ќе ги лансира Matebook X Pro 2024 лаптопот и Matepad таблет уредите надвор од Кина. Сепак, засега се уште не е познато дали и телефоните од новата линија Pura 70 ќе го достигнат глобалното ниво, со оглед на тоа што компанијата засега не ги споменува во овој контекст.
Но, покрај лаптопите и таблет уреди, веројатно ќе имаме можност да го видиме и Watch Fit 3, кој всушност е хибрид на паметна нараквица и часовник кој наликува на Apple Watch, вклучувајќи црвено ротирачко копче.
Кога станува збор за самите компјутери, аналитичарите го очекуваат MateBook X Pro 2024 лаптопот, кој веќе се продава во Кина, со куќиште кое тежи 980 грама и има нов Intel Ultra 9 процесор, наводно и до 60 отсто побрз од 13-та Core i7 генерација.
Сепак, љубителите на овој бренд и особено на телефоните на оваа компанија засега ќе треба да почекаат уште малку, бидејќи не е сосема јасно дали, не само на овој настан, туку и воопшто, компанијата ќе ги лансира Huawei 70 Pura смартфоните и на меѓународниот пазар или ќе останат ексклузивни за Кина, како Mate 60 уредите.