Кинеската компанија Weichai, која произведува мотори за тешка индустрија, работни машини, наутички и други различни намени, објави на Светскиот конгрес за мотори со внатрешно согорување што се одржа во Тијанџин, Кина, дека создале дизел-мотор кој постигнал рекордна вредност на топлинска ефикасност за дизел мотор – поточно 53,09 проценти! За да се постигне ова, нивниот мотор има дури 176 специјални патенти.
Бројката беше потврдена од TÜV SÜD Северна Азија и Кинескиот истражувачки центар за автомобилска технологија, професионални институти за тестирање на мотори со внатрешно согорување.
Станува збор за пресметка на енергетска ефикасност при конверзија на енергијата на горивото во механичка (погонска) енергија. За дизел-моторите тоа е само малку повисоко отколку кај Ото или бензинските мотори, но сепак се смета за високо кога моторот ќе достигне 45 – 46 проценти, и за патнички и за комерцијални возила. Само за споредба, за сериски бензински мотори, вредностите се околу 41 процент.
Во Вејчаи пресметале и дека таквиот скок значи заштеда од околу 14 отсто гориво. За камион кој поминал 250.000 km годишно, тоа значи заштеда на околу 12.000 литри дизел гориво годишно!