Huawei Watch 3 тежи само 26 грама без ремен, а неговиот дизајн многу потсетува на популарниот Apple Watch.
Huawei го претстави Watch Fit 3 на својот настан во Дубаи оваа недела, часовник за кој се шпекулираше дека е сличен на Apple Watch. Ова се покажа како точно, што значи дека корисниците без iPhone можат да го пробаат овој, сега лесно препознатлив дизајн на технолошкиот гигант од Купертино.
Huawei Watch Fit 3 тежи 26 грама без ремен и како таков е еден од најлесните паметни часовници на пазарот. Покрај тоа, тенок е само 9,9 милиметри, што теоретски би значело дека може да се носи и во поформални пригоди под кошулата. Од предната страна, го краси 1,82-инчен AMOLED екран закривен од сите четири страни, кој нуди сооднос меѓу екранот и телото од 77,4 проценти.
Благодарение на поголемиот екран, Huawei Watch Fit 3 нуди освежен интерфејс, редизајнирани визуели, поголем фонт и побогати бои. Од софтверската страна, Watch Fit 3 ги има истите функции како и секој друг паметен часовник на компанијата – следење на спиењето, калориите, стресот, дишењето, отчукувањата на срцето и над 100 спортови и активности.
Huawei не го откри капацитетот на батеријата на овој часовник, но тврди дека неговата автономија трае до 10 дена просечна употреба и седум дена интензивна употреба. Нема поддршка за безжично полнење, што значи дека корисниците ќе мора да го полнат жичено преку кабелот што доаѓа во пакетот.
Watch Fit 3 е веќе достапен за преднарачка по почетна цена од 160 евра, а официјално ќе биде пуштен во продажба на 22 мај.