Подоцна во текот на годината, Xiaomi ќе го лансира Mix Fold 4, флексибилен телефон во рекордно тенок стил, и Mix Flip, прв телефон на компанијата со хоризонтален преклоп.
Спецификациите за Mix Fold 4, новиот преклопен телефон на Xiaomi протекоа во март, а Mix Flip, првиот уред на компанијата со хоризонтален преклоп, веќе е сертифициран во Кина и има поддршка за сателитско поврзување. Нови детали за двата уреди беа објавени вчера на кинеската социјална мрежа Weibo, благодарение на инсајдерот DigitalChatStation.
Според него, Mix Fold 4 ќе биде нов рекордер за најтенок смартфон на светот што се преклопува. Двата преклопни модели на Xiaomi ќе ги покренува Snapdragon 8 Gen 3 чипсетот и ќе ја имаат истата главна камера од 50 MP со големина на сензор од 1/1,55 инчи и оптичка стабилизација на сликата.
Двата смартфони ќе имаат и OmniVision OV60A 2x60MP телефото камера со големина на сензор од 1/1,28 инчи и ултраширока камера од 12MP. Mix Fold 4 додава и четврта камера: телефото перископ објектив со резолуција на сензорот од 10 MP и 5X зум. Fold 4 ќе има и IP рејтинг за прв пат во серијата, како и поддршка за безжично полнење.
Mix Fold 4 и Mix Flip ќе бидат објавени во третиот квартал оваа година, а во зависност од тоа кога точно ќе се случи тоа, тајмингот не е многу среќен, со оглед на тоа што Xiaomi 15 ќе дебитира во средината на октомври со претстојниот Snapdragon 8 Gen 4 чипсет.
И покрај соборувањето на рекордот за најтенок телефон на светот на преклоп, кој моментно го држи Honor Magic V2, Mix Fold 4 и Mif Flip најверојатно ќе останат ограничени на Кина и никогаш официјално нема да бидат претставени на меѓународно ниво.