По многу шпекулации без официјално известување, претседателот на Nintendo конечно потврди кога компанијата ќе го покаже на јавноста наследникот на популарниот Switch
Претседателот на Nintendo, Шунтаро Фурукава сподели неколку нови детали за наследникот на Switch и најави дека ќе биде претставен во текот на оваа фискална година, која вообичаено завршува на 31 март 2025 година.
„Во оваа фискална година ќе го претставиме наследникот на Nintendo Switch. Со тоа ќе поминат повеќе од девет години откако го објавивме постоењето на Nintendo Switch уште во март 2015 година“, објави Фурукава на X.
Во најавата, тој истакна и дека Nintendo Direct ќе се одржи овој јуни со фокус на новата софтверска страна на Nintendo Switch за втората половина на 2024 година, но напомена дека наследникот на конзолата нема да се споменува за време на таа презентација.
Во секој случај, најавата на Фурукава потврдува дека новата Nintendo конзола ќе биде прикажана во првиот квартал од следната година, за што, меѓу другото, се шпекулира веќе некое време.
За потсетување, Nintendo Switch официјално се појави на пазарот во 2017 година со уникатен хибриден дизајн што му овозможи да се користи во преносен режим или како домашна конзола по поврзувањето на наменскиот сталак. Switch во моментов е продаден во над 141 милиони единици ширум светот, што го прави трета најпродавана конзола на сите времиња.
Моментно може да се купи во три модели – стандарден, Lite и OLED.