Компанијата која управува со социјалната мрежа TikTok објави дека во борбата против дезинформациите кои се зголемуваат на нејзината платформа, ќе започне со означување на содржината создадена со помош на вештачка интелигенција (AI).
Компанијата вели дека „AI овозможува неверојатни креативни можности, но може да ги збуни или заведе гледачите ако не знаат дека содржината е создадена со помош на вештачка интелигенција, па означувањето може да помогне да се спречи тоа да се случи, а веќе повеќе од една година ние“ бараме од креаторите на содржини да го сторат истото“.
Компанијата соопшти дека има технологија која веднаш автоматски препознава дело на вештачка интелигенција и ја означува како таква.
TikTok најави дека од денес ќе го прави тоа со слики и видеа, а наскоро и со аудио содржина.
TikTok рече дека тие се првата платформа за споделување видео која применува акредитиви и ќе се приклучат на иницијативата за автентичност на содржината предводена од Adobe за да помогнат во усвојувањето на стандардот во индустријата за социјално вмрежување.