Уште еден класичен мобилен телефон на Nokia доби модерен изглед, а станува збор за Nokia 3210.
Иако името на уредот се базира на Nokia 3210 од 1999 година, телефонот сè уште повеќе личи на неодамна претставениот Nokia 6310 (2024).
Nokia 3210 (2024) доби 2,4-инчен TFT LCD екран со QVGA резолуција и главна камера од 2 MP со LED блиц. Овој уред користи оперативен систем S30+ со поддршка за Cloud Apps. Го покренува Unisoc T107 процесор поврзан со 64 MB RAM и 128 MB внатрешна меморија која може да се прошири до 32 GB со microSD картичка.
Новиот мобилен телефон има и Bluetooth 5.0 и 3,5 милиметарски приклучок за слушалки, FM радио и игра Snake. Се напојува од батерија со капацитет од 1.450 mAh, која се полни преку USB-C порт.
Цената на уредот изнесува 80 евра, а достапен е во Grunge Black, Y2K Gold и Subha Blue варијанти на бои.