По преговорите со Google, се чини дека Apple премина на OpenAI, сè со цел корисницитер да можат да го користат нивниот популарен четбот за покренување ба одредени функции за вештачка интелигенција во претстојниот iOS 18
Apple е во последна фаза од преговорите со OpenAI за користење на ChatGPT за покренување на некои функции за вештачка интелигенција во претстојниот iOS 18 оперативен систем за iPhone.
Според изворот на The Information, Apple сè уште не сака официјално да ја објави оваа зделка, бидејќи постои можност да не се финализира. Се наведува дека технолошкиот гигант од Купертино сè уште истражува други опции и дека претходно бил во преговори со Google за користење на нивниот Gemini.

Сепак, како што пренесува GSM Arena, интересно е што неодамна објавените гласини сугерираат дека Apple ќе се обиде да ги „нагости“ повеќето од AI функциите на својот уред, додека за останатото ќе се погрижат нивните центри за податоци. Ова теоретски ќе му даде предност на Apple во однос на конкуренцијата во поглед на брзината и приватноста.
Повеќе детали за претстојниот iOS 18 со генеративни функции за вештачка интелигенција ќе бидат објавени на годишната конференција за програмери на Apple, што ќе се одржи од 10 до 14 јуни.


