Asus ROG Ally X нема да претставува наследник на минатогодишниот ROG Ally, туку мало освежување што донесува подобрувања во капацитетот на батеријата и меморијата
Asus потврди дека на 2 јуни ќе го претстави ROG Ally X, нова верзија на својата преносна гејмерска конзола која беше објавена на пазарот пред една година.
Имено, според информациите објавени во видео на YouTube каналот на ROG Global, ROG Ally X ќе биде наменет за попребирливи корисници, но нема да претставува наследник на првиот ROG Allly, туку само благо освежување. Тоа би значело дека ќе биде напојуван со истиот процесор Ryzen Z1 Extreme и ќе има VRR екран со освежување од 120 херци.
Новата верзија на конзолата ќе има поголема батерија, повеќе RAM и внатрешна меморија, а се споменува дека ќе добие и два USB-C порта. Слотот за microSD картичка ќе биде преместен. Дизајнот ќе остане практично ист, но овој пат корисниците ќе можат да го изберат Ally X во црно.
Од софтверската страна, се вели дека Ally X ќе пристигне со надградена верзија на Armory Crate SE, која исто така ќе пристигне на редовниот ROG Ally во иднина. Цената на новата преноссна конзола на Asus засега не е позната, но се шпекулира дека ќе чини повеќе од минатогодишниот модел.