Иако идејата може да звучи контроверзно, посредниците во барањето љубовни партнери постојат стотици години. Само не стануваше збор за вештачка интелигенција.
Откако се појавија различни веб-страници и апликации за запознавање, начинот на кој луѓето ја бараат својата „сродна душа“ целосно се промени. И додека на почетокот им беше непријатно да признаат дека се запознале виртуелно, денес тоа е речиси правило.
Но, во иднина, барањето љубовен партнер би можело значително да се промени. Така барем мисли основачот на апликацијата Bumble, Витни Волф Херд. Како што истакна таа, во иднина потрагата по љубовен партнер во голема мера може да вклучува вештачка интелигенција. Таа би функционирала како еден вид посредник и асистент и би комуницирала со стотици други посредници и асистенти за вештачка интелигенција со цел да ја најде вистинската личност за нејзиниот корисник.
Говорејќи на технолошкиот самит на Блумберг, Волф Херд ја истакна својата визија за партнерство во иднина. И немојте да се чудите ако ве потсети на серијата „Black Miror“.
Може да разговарате со вашиот AI советник за љубов во блиска иднина, објасни Волф Херд, која се повлече од функцијата извршен директор на Bumble во 2023 година, но останува вклучена во компанијата. Можете да ги споделите вашите несигурности. Постои свет каде што вашиот советник за запознавање може да оди и да излегува со други советници наместо вас. Тогаш не мора да разговарате со 600 луѓе. Тој може да го скенира целиот Сан Франциско за вас и да каже дека ова се три луѓе што навистина треба да ги запознаете. Ова е моќта на вештачката интелигенција доколку се користи на вистински начин.
Иако нејзината идеја може да звучи контроверзно, посредниците во потрагата по љубовни партнери постојат стотици години.
Но, прашањето е како целата работа би функционирала со вештачката интелигенција во комбинација и дали таквото „мешање“ на технологијата може да доведе и до несакани „средби“.
Она што е сигурно е дека сегашните чет-ботови со вештачка интелигенција сè уште не се способни за такви потфати. Доволно е да потсетиме колку им е тешко да ја разликуваат реалноста од фикцијата, а познати се и по фабрикување податоци. Но и дека веќе има евидентирани случаи во кои луѓето користеле вештачка интелигенција за да добијат „совршени пораки“ кои би можеле да ги испратат до потенцијалните партнери.
Сепак, на крајот се поставува прашањето – дали навистина сакаме технологијата да ги контролира сите аспекти од нашите животи, вклучително и оние на љубовта?