Вкупно 50 социјални проекти за поддршка на 37 илјади луѓе во текот на 2023 година. Ова се неодамна објавените бројки во годишниот извештај на Групацијата БАЛФИН за корпоративна општествена одговорност (ООП). Со над 30 години постоење, Групацијата БАЛФИН, лидер во областа на инвестициите, проширувајќи го своето присуство во 10 земји и на 2 континенти, Европа и САД, транспарентно ги открива резултатите од своите социјални проекти, поддржани од „Фондацијата Мане“ основана од претседателот на Групацијата БАЛФИН, Самир Мане. Во интервјуто, Ерион Ндречка, менаџер за ООП и директор на „Фондацијата Мане“, го истакнува успешното завршување на околу 300 проекти во соработка со 200 организации и универзитети, од кои 400.000 лица имале бенефит, во последните пет години. Само во текот на 2023 година, БАЛФИН Групацијата и нејзините поврзани друштва реализираа 50 социјални проекти низ нивните локации. Во своето интервју, Ерион Ндречка, споделува јавни детали за овие проекти, кои опфаќаат образование, млади, заштита на животната средина, здравје и благосостојба на социјалните групи на кои им е потребна, како и напорите насочени кон поттикнување на подлабока поврзаност со историските и културните вредности во заедницата.
Иако „Фондацијата Мане“ е основана пред неколку месеци, природата на нејзината дејност се чини дека е заснована на цврсти темели. Кои се фокусните области на активностите на Фондацијата Мане?
Компаниите на Групацијата БАЛФИН одбележуваат 30-години од работењето и од општественотоангажирање, кои претходат на основањето на „Фондацијата Мане“. Различни компании во Групацијата БАЛФИН постојано поддржуваат проекти ориентирани кон заедницата, притоа поддржувајќи ги одговорните практики во нивното секојдневно работење. Ова исто така беше меѓу целите на претседателот на Групацијата БАЛФИН, Самир Мане, кој ја основаше „Фондацијата Мане“ за подобро решавање на актуелните општествени прашања.
Со основањето на Фондацијата, фокусот на придонесите кон заедницата е насочен кон специфични и добро дефинирани области, зад кои стои посветена организациона структура. „Фондацијата Мане“ е посветена на иницијативите поврзани со образованието и младите, заштитата на животната средина, здравјето и благосостојбата на социјалните групи на кои им е потребна, како и напорите насочени кон поттикнување на продлабочувањето на поврзаноста со историските и културните вредности во заедницата.
Задоволство ни е да споделиме дека само во текот на 2023 година, околу 37 лица добија поддршка преку социјални проекти во Албанија, Косово, Северна Македонија и сите локации каде што работи Групацијата БАЛФИН.
Општествениот ангажман е камен-темелник на филозофијата и визијата на Групацијата БАЛФИН. Во текот на децениите, преку своите проекти за општествена одговорност, Групацијата БАЛФИН позитивно влијаеше на илјадници поединци во сите земји каде што работат нејзините компании. Спроведени се околу 300 проекти, во изминатите пет години, во соработка со 200 организации и универзитети, од кои бенефит имале 400.000 лица.
Каква е вашата соработка со компаниите на Групацијата БАЛФИН?
Принципите според кои се води „Фондацијата Мане“ се усогласени со природата на компаниите во Групацијата БАЛФИН, обезбедувајќи оптимално искористување на нивниот потенцијал. Во 2023 година беа реализирани 50 социјални проекти на сите локации во регионот каде што работи Групацијата БАЛФИН. На пример, ако некоја од компаниите, како што е ЏАМБО, нуди производи главно за деца и млади, таа ја проширува својата поддршка и на институциите кои обезбедуваат грижа за деца од економски загрозени семејства или оние на кои им требаат здравствени услуги. Во случај на малопродажни компании, како што се НЕПТУН, ШПАР или Фешн Груп, имаме организирани кампањи кои ги ангажираат клиентите, кои љубезно донираа прехранбени производи и облека за поддршка на семејствата на кои им е потребна. Ова беше имплементирано на сите оперативни локации на БАЛФИН Групацијата. Вреди да се спомене поддршката на НЕПТУН Косово во однос на компјутерските лаборатории на Универзитетот во Приштина и ЏАМБО Косово за давање помош на две градинки на Косово Поле и Митровица. Трговските центри на БАЛФИН Групацијата, КТУ и ТЕГ, ги нудат своите простории на различни организации за студентски иницијативи и добротворни кампањи. Нашиот банкарски сектор, претставуван од Тирана Банка, работи во области каде што меѓународните банки се исто така активно вклучени, како што е едукација на младите за финансиски механизми. Грин Коуст, исто така, обезбеди поддршка за проекти за студенти на Катедрата за туризам на Универзитетот во Тирана, како и проекти за деца во Химара.
Можете ли да споменете одредена иницијатива што ја поддржува „Фондацијата Мане?
“B4Students” претставува пример на нашето директно влијание врз заедницата, како и беспрекорната координација помеѓу Фондацијата и компаниите на Групацијата БАЛФИН. Преку оваа програма на „Фондацијата Мане“ секоја година се обраќа до илјадници студенти за практикантска работа и можности за вработување. Дел од оние со претприемачко размислување се пријавуваат за спроведување на нивните бизнис идеи. Размената на професионално искуство помеѓу експерти на Групацијата БАЛФИН и студенти од различни факултети е исто така дел од нашата програма ориентирана кон студентите. Минатата година на оваа програма се вклучија околу 4000 студенти.
Воспоставивме годишна традиција на соработка со универзитетската заедница, која има заеднички интерес. Програмата „B4Students“ го негува одржливиот личен и професионален развој на студентите.
Бидејќи спомнавте годишна соработка, како успевате да одржувате долготрајни проекти?
Утврдувањето на главните цели на Фондацијата, истовремено земајќи ги предвид и меѓународните практики, ни помага да одржиме јасен фокус. Спроведувањето иницијативи со вистинските партнери е уште еден фактор кој ни помага во идентификувањето и промовирањето на иницијативи со долгорочно влијание. Само во текот на 2023 година реализиравме 10 годишни проекти.
Соработуваме со организации кои имаат меѓународна репутација, кои работат во регионот. Во текот на 2023 година соработувавме со 40 партнерски организации. Овде може да се спомене долгогодишната соработка со „СОС села“ на некои локации како Албанија, Северна Македонија и Црна Гора, обезбедувајќи ги потребните производи за децата. Исто така, со години остваруваме соработка со „Ворлд Вижн“ за да ни помогнат во обезбедувањето медицинска поддршка, облека и храна за значаенброј семејства. Исто така, со поддршка на „Џуниор Ачивмент“ реализиравме различни интересни проекти кои имаат за цел да го поттикнат вклучувањето на младите во претприемништвото.
Дополнително, склучивме партнерства со неколку универзитети, фокусирајќи се на размена на знаења и помагање на студентите со работни профили достапни во областите на работењето на компаниите на Групацијата БАЛФИН.