По медиумскиот настан Let Loose, Apple сега се фокусира на помалиот таблет iPad mini 7, кој треба да пристигне со подобрен чип, но со ист дизајн како сегашниот модел
Откако неодамна Apple претстави нови таблет уреди, пристигнуваат информации дека компанијата наводно подготвува подостапен iPad mini 7 за крајот на годината, кој ќе има хардверски надградби, но ист дизајн како актуелниот модел. Последното ажурирање што го добиiPad mini беше во 2021 година, со екран од 8,3 инчи и крајно време е за освежување, но тоа нема да се случи за време на WWDC конференцијата во јуни, истакна новинарот на Bllomberg, Марк Гурман.
Сепак, Гурман тврди дека iPad mini 7 нема да пристигне ниту во септември кога ја очекуваме новата iPhone 16 смартфони, бидејќи Apple наводно планира уште еден настан за претставување производи во октомври. Заедно со новиот iPad mini, би требало да биде лансиран и iPad од 11 генерација.
Претходно беше истакнато дека компанијата работи на решавање на проблемите со развојот на екранот на iPad mini, овозможувајќи конзистентни анимации без различни стапки на освежување на различни делови од екранот. Дополнително, упатените очекуваат iPad mini 7 да доаѓа со надграден чип, најверојатно A17 Pro, кој треба да ги подобри компјутерските и графичките перформанси во споредба со моделот од 2021 година.
iPad mini 7, сепак ќе го има истиот дизајн како сегашните модели, но Apple може да направи мали прилагодувања. Овој таблет би требало да биде малку подостапен, но iPad 11 ќе има малку повисока цена со уште подобар процесор и потенцијално нови AI функции.