OpenAI го објави GPT-4o, побрза верзија на својот модел GPT-4 напојуван од популарниот производ на компанијата, четботот ChatGPT, а новиот модел ќе биде достапен бесплатно
Ажурираниот модел на вештачка интелигенција на компанијата OpenAI – GPT-4o е значително побрз и ги подобрува „способностите преку текст, визија и звук“, изјави техничкиот директор на компанијата OpenAI, Мира Мурати во синоќешното соопштение. Бесплатно ќе биде достапен за сите корисници, додека оние кои ќе се претплатат ќе имаат и до петкратно зголемување на капацитетот, додаде таа.
Во блог постот на компанијата се вели дека можностите на GPT-4o ќе се шират постепено, но неговите способности за текст и слика ќе почнат да се интегрираат во ChatGPT уште од денес.
Сем Алтман, извршен директор на OpenAI нагласи дека моделот е „инхерентно мултимодален“, што значи дека може да генерира содржина или да разбере команди преку глас, текст или слики.
Програмерите кои сакаат да го користат GPT-4o ќе имаат пристап до збир на дефинирани правила и протоколи кои им овозможуваат на софтверските апликации да комуницираат, (API – Application Programming Interface), што е половина од големината и двојно побрз од GPT-4 Turbo, Altman коментираше на платформата X.
Пред вчерашното претставување на GPT-4o, некои медиумски извештаи предвидуваа дека OpenAI ќе објави прелистувач што ќе се натпреварува со Google и Perplexity, гласовниот асистент интегриран во GPT-4 или целосно нов и подобрен модел на GPT-5. Сепак, сè уште не сме го виделе, а OpenAI го темпираше ова лансирање непосредно пред Google I/O, главната конференција на технолошкиот гигант, каде што можеме да очекуваме лансирање на различни производи за вештачка интелигенција од тимот на Gemini.