Група јапонски компании ги здружија силите за да го произведат првиот брод што користи биомаса како гориво, како и технологија за нејзино напојување. На овој начин се прави обид да се поддржи иницијативата за одржлив транспорт.
Јапонските бродски фирми NYK Line, NYK Bulk & Projects Carriers и Tsuneishi Shipbuilding се здружија со британската компанија за обновлива енергија Drax Group на проект кој има за цел да развие биоброд до крајот на деценијата. Како дел од договорот ќе се проучува како да се создаде нова транспортна технологија, погон што ќе користи биомаса како гориво. Исто така, ќе се истражат начините за намалување на трошоците за гориво и емисиите поврзани со транспортот на биомаса со користење на дополнителна технологија за обновливи извори на енергија.
Овој договор следи по промената на парадигмата во Јапонија кон „позелени“ извори на енергија. Јапонија преминува од производство на електрична енергија од фосилни горива кон извори со ниска содржина на јаглерод и обновливи извори, а потребата на земјата за пелети од биомаса, главно направени од остатоци од пиланите и шумарството, расте. Пелетите се добиваат главно од Северна Америка.
произведува пелети од биомаса во Канада и јужниот дел на САД и долго време ги испраќа во Јапонија преку NBP. Според компанијата, клучен чекор кон постигнување нето нула е употребата на биомаса, која е опција за обновлива енергија со низок јаглерод од одржливи извори.
Одржливата биомаса може многу да помогне во одржувањето на здравјето на шумите. Добро управуваните шуми можат ефикасно да го заробат и складираат атмосферскиот CO₂. Drax има за цел да биде јаглерод негативен до 2030 година, а декарбонизацијата на синџирот на снабдување е клучна за постигнување на таа цел. Помалите булкери или носачи на рефус, кои моментално ги транспортираат овие пелети низ светот, имаат ограничени резервоари за гориво, што им отежнува да се префрлат на горива со помали емисии, како што е амонијак. Споменатата соработка има за цел да развие нова технологија на бродски транспорт, постројка на бродот за биомаса што ќе го напојува.
Постројкате за биомаса би користела гасификатор за согорување на биомаса на високи температури, произведувајќи гасови како јаглерод моноксид, водород и метан. Овие гасови потоа би се користеле за напојување на генератор, кој би го напојувал биобродот и би задоволувал некои внатрешни енергетски потреби.
Компаниите тврдат дека инсталирањето на капацитет за гориво од биомаса може да ги намали емисиите на јаглерод од биобродовите за 22% во споредба со користењето фосилни горива. По проучувањето на постројката за гориво од биомаса и системот за гасификатори, компаниите одлучија да продолжат со физибилити студија за развој на првиот брод со супер ниска емисија, кој ќе користи пелети.
Доколку овој проект биде успешен, бродот ќе биде изграден до крајот на 2029 година.