Honor објави дека ќе ги лансира Honor 200 и Honor 200 Pro на 27 мај во Кина, а дизајнот и боите на двата телефони се откриени на кинеската веб-страница на компанијата.
Претстојните Honor 200 и 200 Pro ќе бидат достапни во четири бои – црна, бела, розова и зелена, а куќиштата на задната камера ќе имаат сличен дизајн, според кинеската веб-страница на компанијата, со оглед на тоа што двата телефони се веќе достапни за пред нарачка во Кина. Двата модели официјално ќе бидат претставени на 27 мај, но се уште не се знае дали и кога ќе бидат достапни на пазарите надвор од матичната земја.
Во секој случај, основниот модел од серијата има екран со отвор за селфи камерата, додека пак Pro верзијата има место на екранот за камерата во форма на пилула. Двата паметни телефони ќе имаат примарни камери од 50 MP со оптичка стабилизација на сликата (OIS).
Иако Honor сè уште не ги детализираше спецификациите на овие уреди, доверливиот инсајдер DigitalChatStation од кинеската социјална мрежа Weibo тврди дека примарната камера од 50 MP во серијата Honor 200 ќе користи сензор OV50H и ќе има отвор на бленда од f/1.9.
Тој наведе и дека телефоните ќе имаат батерија од 5200 mAh и ќе поддржуваат полнење од 100 W, додека телефото камерата ќе има 50x дигитален зум, но се уште нема детали за оптичкиот зум. Повеќе детали за Honor 200 и 200 Pro треба да бидат откриени пред настанот закажан за 27 мај.