Apple во преттсојниот iPhone 16 Pro Max модел ќе користи батериски ќелии со зголемена енергетска густина, според аналитичарот Минг-Чи Куо, кој ќе понудат или подолго траење на батеријата користејќи иста големина на батеријата како онаа што се наоѓа во постоечките модели, или идентично траење на батеријата со користење помала капацитет на батерија.
Во неговото најново истражување за синџирот на снабдување, Куо вели дека густината на енергијата (Wh/kg) на ќелиите на батеријата во iPhone 16 Pro Max ќе се зголеми, што ќе има придобивка од подолго траење на батеријата со ист капацитет или помала големина на батеријата со идентична автономија.
За да избегне прегревањето на батеријата, Apple ќе користи куќиште за батерии од нерѓосувачки челик за првпат како термичко решение, истакнува Куо.
Нерѓосувачкиот челик не е толку ефикасен како алуминиумот во отстранувањето на топлината, но е поцврст и помалку подложен на корозија. Употребата на куќиште за батерија од нерѓосувачки челик ги намалува и тешкотиите за отстранување на батеријата, што ќе му помогне на Apple да се усогласи со барањата на Европската унија за заменливост на батериите на мобилните телефони во иднина.
Sunway наводно ќе биде главен снабдувач на батериски кутии од нерѓосувачки челик. Ако масовното производство на овој нов дизајн на батерии оди добро, Куо верува дека дизајнот ќе биде прифатен кај сите iPhone 17 модели следната година.
Гласините минатиот јуни сугерираа дека iPhone 16 Pro моделите ќе користат наредени батерии, што може да резултира со поголем капацитет и подолг животен век, но Куо не ја споменува технологијата во своето истражување. Се очекува Apple да ја објави претстојната iPhone 16 линија за четири месеци, најверојатно околу средината на септември.