Паметните телевизори кои го користат оперативниот систем на Google стануваат уште подобри со доаѓањето на Android 14 OS. Конечно ќе биде овозможена опцијата за прикажување слика-во-слика.
Google I/O 2024 донесе нова верзија на оперативниот систем Android TV, базирана на верзијата Android 14. Исто како и новиот Wear OS 5 (исто така базиран на Android 14), фокусот е на намалената потрошувачка на енергија.
Сепак, најинтересната нова функција за повеќето корисници е секако доаѓањето на поддршката за режимот слика-во-слика (PiP). Функцијата е позната од старите CRT модели и овозможува еден вид мултитаскинг со една апликација која работи на целиот екран и една во мал прозорец. Функцијата ќе овозможи неколку корисни сценарија за користење:
- Кога ги следите паралелно спортските резултати во живо или состојбата на берзата
- Кога е поврзан во Smart Home системот, го прикажува погледот од повеќе поврзани безбедносни камери или уреди за мониторинг на бебиња, сите на еден екран
- Можете да одговарате на видео и телефонски повици без да ја прекинувате ТВ-програмата
- Следење на повеќе податоци за фитнес и истовремено надгледување на здравствените податоци
Android 14 за TV ја донесува долгоочекуваната PiP функција
Google истакнува дека PiP режимот на прикажување ќе биде достапен само на „подобните модели на телевизори со Android 14“, така што не е јасно дали сите телевизори ќе го поддржуваат овој напреден режим. Исто така, едно од ограничувањата е тоа што не можат да се користат две апликации истовремено за емитување мултимедијална содржина.
Android 14 во верзијата за ТВ уреди ветува подобри перформанси и пократко време за стартување на апликацијата, а во некои случаи ќе има и до четири секунди побрз одзив. Уредите со мала меморија, исто така, треба да даваат подобри перформанси.
Новата верзија на Android OS системот за паметни телевзиори ја намалува и потрошувачката на енергија. Режимот со мала моќност ќе ја исклучи мрежната врска кога телевизорот не се користи. Режимот за поголема потрошувачка на енергија постојано ќе ја одржува активна врската со локалната мрежа и ќе ги овозможи функциите на услугата Google Home.
Идеалната средина се нарекува оптимален режим на потрошувачка. Овозможува само виталните функции да функционираат и да се поврзат на мрежата додека телевизорот е исклучен, вклучувајќи ги Google Cast (преку Wi-Fi) и Google Assistant.
Новата верзија на оперативниот систем вклучува и нови функции за прилагодување на телевизиските уреди како корекција на бојата за корисници со недостаток на перцепција на бои, подобрени опции за текст за корисници со други проблеми со видот и полесна навигација за корисниците со моторни оштетувања.
Google откри дека Android TV OS достигнал бројка од 220 милиони месечни активни уреди, што е 47% зголемување во споредба со минатата година.
Конечно, Google ги охрабрува програмерите да започнат со мигрирање на нивните апликации од старата алатка за кориснички интерфејс Leanback на поновите Compose системи за ТВ. Некои други интересни новитети на Android 14 се дека Gemini AI се користи за генерирање описи на филмови и ТВ емисии кои се прикажуваат на каруселот на почетниот екран на мајчиниот јазик на корисникот.
Покрај тоа, Google преминува од индивидуални APK апликации во пакети од повеќе од нив, што помага да се заштеди околу 20% од меморијата за складирање податоци, што инаку е дефицитарно на овој тип на уреди, пренесува GSM Аrena.