EA Sports, компанијата која стои зад популарната фудбалска симулација EA FC, порано позната како FIFA, ќе ја изгуби лиценцата за Интер за нејзиното издание за 2025 година.
EA FC 25 ќе биде објавена во септември годинава и повеќе нема да го содржи брендот Интер, вклучувајќи го и името на клубот, грбот и дресовите. Клубот ќе биде преименуван во Милано Калчо и ќе има изменета верзија на вистинскиот грб.
Во 2022 година, Интер потпиша ексклузивен договор со Konami, кој е познат по својата игра „eFootball“, порано Pro Evolution Soccer, а тој договор стапува на сила ова лето.
EA FC веќе ги нема правата на големите четири италијански клубови, односно Наполи, Рома, Лацио и Аталанта, кои имаат договори со други компании. Јувентус се појавуваше во игриците на ЕА како Пиемонте Калчо поради нивниот договор со Konami, но се врати под своето официјално име.