Новите информации од порталот The Information откриваат дека следната година можеби ќе видиме iPhone 17 со сосема поинаков дизајн, кој ќе биде значително потенок од останатите модели во серијата. Според изданието, уредот ќе биде поскап од од моделот Pro Max, што сугерира дека ќе биде позициониран како премиум понуда.
Информациите велат дека уредот ќе донесе голем редизајн сличен на iPhone X, а некои од промените би можеле да ги преместат камерите до средината на горниот дел од задната страна. Дополнително, уредот може да има и помал Dynamic Island или само отвор за предната камера, што може да значи дека сезорите за Face ID може да бидат сместени зад екранот. Новиот телефон би требало да има дисплеј со дијагонала помеѓу 6,1 и 6,7“, а другите очекувани промени вклучуваат алуминиумско куќиште, А19 чип и подобрена предна камера.
Според порталот, Apple не планира да го објави iPhone 17 Plus следната година, па серијата повторно ќе вклучува четири модели. Не е прв пат да слушаме ваква информација – неодамна се шпекулираше и дека компанијата има намера да понуди потенок iPhone 17 со дијагонала од околу 6,5 инчи на местото на 17 Plus, па можеби има одредена вистина во овие гласини.