Intel објави нова апликација која има за цел да ја подобри поврзаноста помеѓу компјутерите. Преку Thunderbolt Share, два компјутери ќе можат да споделуваат маус, тастатура, екрани, меморија итн. преку еден Thunderbolt кабел.
Компанијата планира да ја лиценцира апликацијата на производителите на компјутери за да ја понудат при купување на нов уред. Ќе биде потребна поддршка за Thunderbolt 4 или 5, што овозможува брз пренос на фајлови помеѓу два уреди со едноставно повлекување, како и синхронизација на податоците.
Таквата функција би била особено корисна при префрлање од стар на нов компјутер. Сепак, тоа претставува и побезбеден начин за пренос на подоци помеѓу два компјутера. Интересна е и опцијата за клонирање на сликата на екранот од едниот компјутер на екранот на другиот со резолуција од 1080p и со мала латентност.
Thunderbolt Share се очекува да пристигне во втората половина на 2024 година и ќе биде достапен само на одредени компјутери и додатоци. Intel соработува со Lenovo, Acer, MSI, Razer, Kensington, Belkin, Promise, Plugable, OWC и многу повеќе.