Бимилк се вклучи во најмасовната еко акција „Генералка викенд“. Повеќе од 110 вработени на Битолска млекара со волонтерско вклучување ја чистеа околината на Битола на сите 9 локации во градот. Со ова Бимилк ја даде својата целосна поддршка на иницијативата за чиста животна средина и поттикнува поголема еколошка свесност и одговорност.
„Генералка викенд“како иницијатива за чистење на животната околина, се разви во најзначајната акција во историјата на Македонија. Оваа еколошка акција во организација на Мен енд Маунтен се одржува четврта година по ред и добива се поголема поддршка.
Поддршката и учеството на Бимилк е продолжување на компаниската заложба за подигнување на свеста за еколошките прашања и за поттикнување на помасовно вклучување во еко акции.
„Примерот даден како треба, е пример за тоа како да се однесуваме кон животната средина. Можеби ќе си речеме дека еден од нас не е важен и не може да смени ништо, но ако секој од нас помогне станува дел од едно движење кое ја прави реалноста на сите нас поубава. Со нашиот ангажман сакаме да дадеме пример како може со мала иницијатива и заложба да се направи позитивна разлика. Високата свесност и одговорност за еколошките прашања произлегуваат од генералната стратегија на Битолска млекара и примената на ESG (environment, social, governance) практиките со чие спроведување ги опфаќаме најважните прашања од општествено одговорниот однос на една компанија, грижа за заедницата, за вработените и за животната средина. И како заокружување на овие заложби во нашата стратегија, најголемиот резултат од овој ангажман на Бимилк, не е само чиста околина, туку и апелирање и подигнување на свеста кај сегашните генерации како долгорочен ефект за идните“, истакна Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на Бимилк.
Изборот на локациите за чистење, селектирање и одлагање на отпадот беше координирано со невладината организација Мен енд Маунтен, иницијатор на акцијата.
„Поддршката од Бимилк и учеството во „Генералка викенд”, според општествено одговорните практики што ги има и заложбите за целосна енергетска трансформација што компанијата ја спроведува, дава вистински пример за еколошки свесна и ангажирана компанија. Врз овој мотив е постигнато и партнерството меѓу Битолска млекара со Мен енд Маунтен и од нашиот ангажман и заедничките политики за активен и одговорен однос кон животната средина, ќе произлезат вредности за идните генерации и моментално решение на актуелен проблем“, велат од Мен енд Маунтен.
Акцијата „Генералка викенд“ за чистење на околината на Битола беше прифатена од голем број вработени на Бимилк што се потврди со постигнатиот резултат.
Поддршката од Бимилк за ваквите иницијативи ја потврдува општествената одговорност на компанијата и ја нагласува заложбата за одржливост, следење и ангажираност во заштита и зачувување на животната средина и реагирање соодветно потребите на граѓаните и околината.