Mac Pro и Mac Studio оваа година ќе останат на M2 процесорите, бидејќи надградбата на новиот M4 чип ги чека дури кон средината на 2025 година.
Со оглед на тоа што и Mac Pro и Mac Studio компјутерите на Apple нема да добијат надградба на M4 процесорoт до средината на следната година, тоа значи дека iPad Pro со M4 чип практично ќе биде помоќен од двата десктоп компјутера речиси една година. На тој начин, заедно со MacBook Air, овие компјутери се единствените што ќе останат на M2 генерацијата, за разлика од сите други Mac компјутери, открива новинарот на Bloomberg и познат аналитичар на Apple, Марк Гурман.
Во текот на 2024 година, сите лаптопи на Apple, со исклучок на моделот MacBook Air, ќе се префрлат на М4 чипот кој компанијата неодамна го претстави со iPad Pro, пишува Гурман. Интересно е тоа што овој циклус на надградби на чипови значи дека iPad Pro моментно е шампион со еднојадрени перформанси во понудата на Apple – и ќе остане таков околу уште една година во споредба со Mac Studio и Mac Pro.
Според споредбите на Geekbench, iPad Pro со M4 го надминува M2 Ultra за околу 25 проценти во перформансите со едно јадро, па дури и A17 Pro чипот во iPhone 15 Pro е приближно на исто ниво со M2 Ultra во перформансите со едно јадро. Сепак, M2 Ultra сепак ги надмиува двата чипа кога станува збор за перформансите со повеќе јадра, што често е она што е многу поважно.
Се разбира, иако ова е малку несериозна споредба, сегашната генерација на Mac Studio и Mac Pro се прилично моќни компјутери кои поддржуваат повеќе RAM меморија, имаат повеќе портови и нема да се прегреат толку брзо како што може да се прегрее iPad Pro.
Покрај тоа, тие користат оперативен систем што во значително помала мерка ја ограничува работата на хардверот отколку што е случај со таблет уредите. Корисниците на Mac компјутери од високата класа веќе се навикнати на долги периоди на чекање помеѓу надградбите, така што и оваа не би требало да им падне тешко.