Сондата Juno на Американската Национална вселенска агенција (NASA) сними фотографија од Јупитер за време на неговото 59-то блиско поминување покрај џиновската планета и на новата слика на Големата црвена дамка, сними неочекувана глетка.
На една слика од Големата Црвена Дамка, неочекувано, се гледа и малата месечина Амалтеја… Таа орбитира околу Јупитер во рамките на орбитата на неговата месечина Ија, која е најблиску до нејзината атмосфера од четирите најголеми придружници на планетата.
Телото е со пречник од само 84 километри, и на снимката се наоѓа веднаш до Црвената Дамка.
Амалтеја, инаку, е еден од најтоплите објекти во Сончевиот Систем и досегашните набљудувања покажуваат дека испушта повеќе топлина отколку што прима од Сонцето. Ова можеби се должи на моќното магнетно поле на Јупитер, поради што набојот на електрични струи во јадрото на оваа месечина е поголем.
Откритието од фотографиите е на независниот научник Џералд Ајхштат, кој користел необработени податоци од камерата Junocam на сондата.
Леталото Juno кружи околу Јупитер веќе седум години. Леталото го проучува потеклото и развојот на таа планета со набљудување на нејзиното јадро, мапирање на магнетното поле, мерење на нивото на вода, на амонијакот во атмосферата итн. Меѓу откритијата е и тоа дека на планетата има слоеви вода под облаците и ветровите. Juno ги проучува и природните сателити и прстените на Јупитер.
Мисијата се очекува да трае уште една година, додека не изгори кога ќе се приближи премногу до атмосферата на големата гасовита планета.